Денес е денот на бројот Пи. Направете го експериментот на „Наука за деца“

Пи (π), Лудолфов број или Архимедова константа е ирационален реален број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречникот во Евклидовата геометрија. Бројот π има широка употреба во математиката, физиката и инженерството, но се употребува и во други науки. Бројот π исто така е познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали), стои на „Википедија“.

Постојат брзи методи за добивање на бројот π со произволна точност. Неговата приближна вредност на 5 децимали изнесува 3,14159.

Интернет-страницата Науказадеца.мк – посветенa на научната култура и ментална фискултура за најмладите, објави едноставен експеримент, со кој на децата може да им се поедностави бројот Пи. Обидете се на следниот линк.

 

 

Сподели