Обнова на споменикот Илинден“ во Крушево и на староградска архитектура во градот, заштита на споменици на културата, активости на пет археолошки проекти годинава најави Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп. За проектите од областа на археологијата, од музејската, од заштитната и библиотечната дејност и за инвестиции годинава располагаат со 13 милиони денари од Министерството за култура.

Според Благоја Атанасоски, директор на Заводот и музеј, 11 милиони денари се издвоени за заштита на споменици на културата, 1 милион денари за музејската дејност, 300.000 денари се за инвестиции и околу 80.000 денари за библиотечната дејност. За споменикот „Илинден“ во Крушево се одобрени 2 милиона денари, за доработка на проект за манастирот Трескавец – се одобрени 300.000 денари, 2,5 милиона денари за преокривање и фаза на автентична градска куќа во Крушево. За заштитата на големиот и вреден иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“ се одобрени 200.000 денари, а со толкав буџет ќе се заштитува и живописот во Мелница, Мариово, а за Манастир во Мариово се одобрени 300.000 денари. Продолжуваат работите на античкиот локалитет Стибера, на локалитетот Прилепец, за македонските гробници, за локалитетот Долиште.

Годинава ќе се заштитува и храмот на богињата Тихе во Стибера.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.