Ден посветен на македонскиот јазик во Букурешт

Во Националниот музеј на романската литература во Букурешт денеска ќе биде одбележан 8 Декември, кој во 2018 година Романскиот парламент го изгласа и како Ден на македонскиот јазик, покрај Денот кога се слави св. Климент. Манифетстацијата беше прекината по избивањето на пандемијата, а денеска ќе продолжи да се одбележува.

Автор на годинашната програма на прославата е Теа Теохаревска-Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност. Таа го најави прокетот „Романски поети на македонски јазик – Ана Бландијана“, според добитничката на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2019 година. Покрај читањето на нејзини песни во препев на Лидија Димковска, Ташко Саров и Јане Теохаревски, ќе биде прикажан и документарниот филм „Кирилицата – по врвиците на писменоста во С Македонија“. На прославата се поканети и романските студенти кои го изучуваат македонскиот јазик при Факултетот за странски јазици на Букурешкиот универзитет и лекторот Елена Ѓорѓиовска.

Сподели