На повикот на Битолскиот народен театар „Оствари желба“ кој почна во декември, „Космик девелопмент“ ја презеде листата од пристигнати желби и сите целосно ги исполни. Акцијата беше наменета за децата од социјално загрозени семејства, за кои празниците се само уште еден ден за борба со немаштијата која ги следи.
Заврши изминатата 2022, во која извонредната македонска ИТ компанија, „Космик девелопмент“ која вработува и гради тимови за потребите на светски познати компании ширум светот, ги сумираше впечатоците, ги направи аналитиките и во одлично расположение влегуваат во празниците кои ги искористија да ги соопштат убавите вести со јавноста.
„Додека ни траат деновите на одмор во кој уживаме во домашниот амбиент, имаме време за многу филмови, за топло чоколадо и за музички празнични плејлисти и за добри позитивни вести, сакаме да споделиме со вас во овие мирни денови, каква беше нашата 2022 година и зошто сме добра приказна. 2022 година може да се заокружи како една од најуспешните години за ,Космик девелопмент’. Успехот на компанијата се мери преку растот на бројот на вработени, кој во 2022 изнесуваше дури 40%, споредено со минатата. Тоа е само еден голем знак како сериозно расте бројот на клиенти и проекти на кои работевме, а особено нè прави горди високата стапка на employment retention“, велат од „Космик девелопмент“.

„Стратегијата која ќе нè води во 2023 е повеќе од ветувачка, истото темпо на раст е планирано за новата година која штотуку започна. Во изминатите 365 денови инвестиравме сериозно во делот на професионален развој на вработените, преку овозможување на различни програми и платформи за учење и доусовршување, дома и во странство, сериозен буџет беше одвоен за посета на настани и за внатрешни и надворешни обуки. Освен модерните канцеларии кои ги имаме во Скопје, пред неполн месец во Белград отворивме co-working канцеларија во што беше одлично заокружување на тој дел од инвестициите, а посветивме време на планови и старт на реализација за новиот простор во Битола, кој ќе биде фантастичен. Нашиот тим во 2022 доби многу бенефити, а новина е приватно здравствено осигурување за потесните семејства на вработените, со што компанијата вложува не само во вработените, туку и во нивните најблиски“ – истакнуваат од компанијата.

На нивната предновогодишна забава ги наградија најдобрите. Забавата, која беше тематска и ги врати гостите во ерата на 80-тите кога диско забавите беа многу популарни, под наслов Let’s Dance, комапнијата ја искористи на најубав начин, така што забавата со диско топки, коктели и ретро плејлисти ја претвори во добротворна акција во кој комапнијата заедно со нивните тимови од трите точки на кои функционира „Космик девелопмент“ собраа средства кои ги наменија за спортски стипендии за талентирани деца од ранливи категории.

Уште една акција, во која се вклучи компанијата на најубав начин ја заокружува измината година за нив. На повикот на Битолскиот народен театар „Оствари желба“ кој почна во декември, „Космик девелопмент“ ја презеде листата од пристигнати желби и сите целосно ги исполни. Акцијата беше наменета за децата од социјално загрозени семејства, за кои празниците се само уште еден ден за борба со немаштијата која ги следи.
„Сакаме да ги направиме радосни празниците за овие деца. А тоа се деца од семејства кои имаат егзистенцијални проблеми, деца на самохрани родители и ги спојува едно нешто – тешкиот животен пат. Знаеме дека нема да го промениме целиот свет со тоа, но ќе го разубавиме нивниот свет на еден ден“, велат од „Космик девелопмент“.

2023 е година на значајни предизвици за компанијата. Новите простории во Битола ќе прикажат футуристички трендови во дизајнирање на работен простор во Македонија. Компанијата на своите вработени веќе им го претстави новиот пакет на придобивки, кој со сигурност е еден од ретките од ваков тип кај нас, а продолжуваат и плановите за раст и развој на секој вработен.
„Космик девелопмент“ е една фантастична приказна за враќање на наши иселеници во татковината. Од мала канцеларија во Скопје пред 11 години, денес имаат своја глобална мрежа на канцеларии и близу 150 вработени. Зад оваа компанија е и еден од македонските unicorn стартапи, со вредност од преку две милијарди, кој неодамна стана public на њујоршката берза NASDAQ. Дел од тимот на Cosmic Development имаше шанса да го искуси тој миг, да биде присутен на чинот кога берзата ја објави трансакцијата, веројатно искуство кое се памети цел живот.

Cosmic Development е инаку канадска компанија која спроведува ИТ решенија и услуги за дополнување на персоналот со повеќедецениски мандат. Обезбедуваат прилагодени решенија, на кој работи посветен кадар за компании од сите формати. Благодарение на нивниот индивидуален пристап, имаат квалификувани програмери и други професионалци од различни деловни области и создаваат адаптабилни и посветени тимови за нивните клиенти ширум светот.

(КОМЕРЦИЈАЛЕН ОГЛАС)





