Поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе ќе биде организирано денеска во 12 часот. Со поетското читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата, а организатори на настанот се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе.
На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови, а ќе се обратат и: проф. д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, амбасадорот Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима – Скопје, Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе и проф. д-р Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет.
Се планира манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од учениците во основните и средните училишта во Републиката на тема „Билазора“.





