Во пресрет на доаѓањето на пролетта и во чест на светскиот ден на поезијата, во петокот во ПСУ „Јахја Кемал“ се одржа работилница на тема „Цвеќе на мирот и хуманоста“ во организација на проф. Николина Јосевска, помошник-директор во училиштето.
Почесен гостин на овој настан беше уметникот Живко Поповски – Цветин, во придружба на поетесата Катерина Митковска. На едно место се споија музиката, поезијата и сликарството. Три уметности обединети во слоганот: Објавуваме трета светска војна за мир! Оваа порака со четири разнобојни балони се вивна во
небото за да се пренесе во целиот свет.





