„Божиќна песна“ деновиве актуелна во Битола

Претставата „Божиќна песна“ деновиве ја полни салата на Народниот театар во Битола. Денес и утре, во два термина од 10 и од 13 часот. Станува збор за претстава што е копродукција помеѓу Културно-информативниот центар и Народниот театар Битола. Режисер е Јован Ристовски.

„Божиќна песна“ е една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит.

Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, а е поставена со поддршка на општина Битола.

Сподели