„Бог на колежот“ во режија на Весна Петрушевска, во продукција на Македонскиот народен театар ја освои наградата за најдобра претставана 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово 2025. Актерот Ѓорѓи Јолевски од истата претстава ја доби наградата за најдобар актер, додека Рада Каирјакова од претставата „Постојаната сопруга“ на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија – е најдобра актерка. Жирито е во состав: Александар Ивановски, претседател, Дубравка Киселички, Петар Андоновски, Гергана Трaјкова и Стефан Јакимовски, членови.

Ѓорѓи Јолевски
Ова се останатите награди на фестивалот:
-Најдобра споредна улога (женска) Јасмина Вучкова, „Петок 13“ (Народен театар Струмица);
-Најдобра споредна улога (машка) Благојчо Стојанов, „Госпоѓа Министерка“ (Театар „Јордан Хаџи Константинов“ – Велес);
-Најдобра улога за млад актер – Никица Јанковски, „Разбуди се Тина“ (Театар Куманово);
-Најдобра сценографија – Нина Пашова, „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија);
-Најдобра костимографија – Маријана Живковиќ, „Покондирена тиква“ (Народен театар Пирот, Р. Србија);
-Најдобра режија – Бојка Велкова, „Постојаната сопруга“ (Сатиричен театар „Алеко Константинов“ Софија, Р. Бугарија).








