Битолско училиште со два спота за Денот на македонскиот јазик (ВИДЕО)

Битолското основно училиште „Даме Груев“ вчера го промовираше проектот „Јас ❤️ кирилица“ по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука. Тие изработија два спота.

– Интересно е тоа што хорот е составен од наставници и ученици и заедно ја изведуваа песната „Кирилица“ од Александар Митевски. Потпомогнати од професионалци како композиторот Миодраг Нечак, Офицерскиот дом, киното „Манаки“ и други, успеавме да ја реализираме нашата цел – промиција за афирмирање и унапредување, зачувување на македонскиот јазик – велат од училиштето.

 

Сподели