Во комуникацискиот и бизнис центар The Hub by Adeva (Бул. „Партизански одреди“ бр. 17) во Скопје денеска во 14 часот ќе се одржи работилница за фотографија со Лазар Симеонов.
– Светло, фокус, блиц, композиција, приказна… Што се е важно за една фотографија да изгледа така како што сакаш и да ја пренесе твојата порака? Доколку пишуваш блог, сакаш да ги претставиш производите од твојот бизнис, постираш фотографии на социјалните медиуми од твоите патувања или секојдневие, веројатно посакуваш да научиш како до поквалитетна фотографија – велат организаторите.
Лазар Симеонов е документарен фотограф и фоторепортер со долгогодишно искуство со кое има посетено над 50 држави, а со неговото живеење во странство 30 години, има научено да говори 6 јазици. Својата кариера како фоторепортер ја започнува во 2009 година. Учеството на работилницата е бесплатно. Работилницата се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, спроведуван од СОС Детско село.
Повеќе информации на линкот.





