Претставата „4.48 Психоза“ во режија на Оливер Мицевски премиерно изведена во Копенхаген

Во режија на Оливер Мицевски, македонски режисер што твори во Данска, завчеравечер беше изведена премиерата на претставата „4.48 Психоза“ по текстот на британската драмска авторка Сара Кејн во Копенхаген. Претставата беше изведена во продукција на „Хусет театар“. Визуелниот дел за претставата е дело на уметницата Жанета Вангели, професорка на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Текстот ја обработува темата на самоубиството и депресијата и е еден од најпоставуваните драмски текстови во светот. Постановката на Оливер Мицевски на „4.48 Психоза“ е пресврт од постојните толкувања на текстот кој наметнува многу предизвици со својата комполексност и мистичност. „4.48 Психоза“ на Мицевски е ода за животот, за вродениот порив и страст за живот дури ки среде најмрачниоте премрежја.

Сите билети за репризите на оваа претстава се веќе однапред распродадени, a планирани се и низа гостувања низ Европа.

Сподели