Бесплатна храна и активности ќе добијат туристите во Копенхаген ако учествуваат во еколошките задачи при посетата на градот. Пилот-проектот почнува на 15 јули. Туристите ќе може да собираат отпадоци, да патуваат со јавен превоз или да возат велосипед низ градот и слично. За награда, ќе можат да изберат бесплатен оброк, кафе, чаша вино или изнајмување кајак.
– Проектот ‘CopenPay‘ е дизајнирана да го надомести еколошкиот товар на туризмот. Кога патувате во странство, вие загадувате. Една од работите што можеме да ја промениме е да ги натераме луѓето да се однесуваат поодржливо кога патуваат. Планот е само мал чекор кон зелената транзиција – вели шефицата за комуникации на туристичкиот одбор на Копенхаген, Рике Холм Петерсен.
Проектот е заснован врз доверба, па туристичките атракции нема да бараат доказ за одработената зелена активност. Досега 24 организации од градот се приклучиле на иницијативата.
Насловна фотографија: Википедија





