Балетската претстава „Исповед“ во кореографија на Саша Евтимова ја имаше својата премиера на 7 ноември во Народниот театар во Гевгелија. Освен Евтимова, настапија и: Миро Митрашиновиќ, Ендру Кук, Илијана Данилов, Веселин Трајковски, Мартина Димковска, Тодор Стојанов и Ивана Димковска. Премиерата беше во организација на Домот на културата од Гевгелија, во рамките на програмата за одбележување на 7 Ноември, денот на ослободување на градот.
Сценографијата е на Марија Ветероска, светлото на Нино Митевски, а е работена според композиции на Бах.
Современиот танц често станува простор за исповед, каде што движењата служат и како лично и колективно средство за соочување, споделување и ослободување на емоциите. Концептот на „Исповед“ често се манифестира како сурова, искрена форма на самоизразување што им овозможува на танчерите да пренесат длабоко лични или универзални вистини. За разлика од традиционалното раскажување приказни или структурирани наративи, современиот танц опфаќа апстрактно и симболично движење за да ги истражи темите на ранливост, автентичност и емоционално ослободување – вели Евтимова.

Саша Евтимова е родена во Скопје, Македонија каде го започна своето школување восредното музичко и балетско училиште Илија Николовски – Луј. Таа присуствуваше на колеџот Поинт Парк во Питсбург, од 1998 до 2001 година, отсек- современиот џез. Таа е истакнат солист, балетски педагог и кореограф на Национална опера и балет во Скопје, под раководство на Кире Павлов.. Евтимова има изведено бројни улоги на класичниот и неокласичниот репертоар. Во 2007 година таа беше дел од Kylian проектот изведувајќи соло во Falling Angels, One of a kind и Palms. Во 2004 година учествувала на Франкофонските олимписки игри во Африка.
Како кореограф, има создадено дела за филмови,театар, Национална Опера и Балет, Гоa балетска академија, Виетнам Опера и Балет, Националниот Балет во Тбилиси, Грузија, ХНК Сплит и неодамна за првиот создаден балетски ансамбл во Црна Гора.





