Аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“ во Аеродром

Во локалот Books&Dogs Café во скопската населба Аеродром вечерва во 20 часот ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“. Автори на проектот се видео-авторката Вероника Камчевска и дизајнерoт на звук Горан Москов. Актерката Јасмина Василева ја деконструира човековата состојба, а поезијата е на авторката Елена Пренџова и Владимир Петровиќ. Ова е почеток на серија истражувања на влијанието на алатките на ВИ, а како прв соговорник се анализира Chat GPT.

Проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности. Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и поезија. Инсталацијата интегрира експериментално прикажување на специфична локација.

Сподели