Праизведба на балетската претстава „Градина на почетоците“ на Стојан Стојков

Балетската претстава „Градина на почетоците“ по музика на Стојан Стојков, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Националната опера и балет. Стари, антички музички записи биле инспирација за композиторот Стојков да ја создаде музиката пред повеќе години, а либретото е работено според поемата на Ефтим Клетников, „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“. Kореографијата е на Џан Арслан од Турција.

Со оваа претстава, НОБ ја отвора новата сезона. Ова е трет балет на Стојков што во историјата на Балетот ќе биде поставен. Претходеа „Охридска робинка Ташула“ (2002) и операта „Змејова невеста“ (2011-2012).

– Композицијата не е романтична, туку е повеќе современа, со интересна оркестрација. Мојот предмет на интерес и работа беше полифонијата. Истражувам и им пренесувам на студентите музика од пред 7. век. Во тоа истражување наидов на интересни антички примери кои сакав да ги слушнам, зашто малку се познати во музиката, иако во историјата и литературата има вакви записи. Оттука почна целата работа, потоа се надоврзуваа сликите и така се направија вкупно девет. Јас претпочитам македонски рурален фолклор, кој е податлив за обликување на сценско дело и композиторски приод. Сакав на моите студенти да им покажам дека треба да знаат да создадат дела и врз база на духовна музика и врз база на електронска музика и врз база на современите текови во творештвото – рече Стојков.

Играат: Mарија Кичевска-Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија). Со Оркестарот на МОБ ќе диригира Иван Еминовиќ.

Според Арслан, музиката на Стојков е многу силна.

„Разговарав со него, му кажав што видов јас во неа. Ја видов визијата. Идеите ни беа слични и одлучив да се вклучам во проектот. Ова беше убаво патување, работевме многу сите“, кажа тој.

Кире Павлов, генерален менаџер на Националната опера и балет, истакна дека се надевам дека ова дело подолго ќе се задржи на репертоарот и дека ќе успеат некои од македонските дела да ги презентираат надвор. и да аи продадеме“, кажа Павлов.

Сподели