„Артеизам“ преку делата на тројца уметници од Битола изложени во Прилеп

„Артеизам“ е насловот на изложбата од тројца битолски уметници отворена во Центарот на културата во „Марко Цепенков“ во Прилеп. Свои дела изложија Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев. Изложбата е заедничка авантура на тројца индивидуалци собрани во едномислието за нераскинливата врска меѓу верата и уметничкото творештво. Претставени се слики, скулптури и инсталација.

– Делата од изложбата ја потенцираат непредвидливоста на есхатолошкиот момент чие остварување е неминливо – велат од Центарот.

Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев се членови на Друштвото на ликовните уметници на Битола и досега имаат реализирано повеќе изложби и учествувано на бројни ликовни колонии. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам.

Сподели