Белградскиот бенд С.А.Р.С. ќе одржи концерт во „Јавна соба“ утревечер во 22 часот. Еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, С.А.Р.С. (Sveže amputirana ruka Satrijanija) со кариера од повеќе од петнаесет години ќе ги изведат познатите хитови: „Lutka“, „Perspektiva“, „Buđav lebac“, „Ti, ti, ti“, „To rade“, „Rakija“ и други. Скопје има посебно место во нивната музичка приказна, зашто тука е изведен еден од нивните први концерти надвор од Србија.
– Со неверување гледавме како целата публика ги пее песните со нас од збор до збор. Тогаш сфативме колку брзо нашата музика отпатувала низ целиот регион – велат членовите на С.А.Р.С.
Тие остануваат бенд кој на сцената спојува емоција, хумор и социјална критика на препознатлив и автентичен начин.





