Археолошки истражувања на Самуиловата тврдина во Охрид

Група археолози ги почнаа истражувањата на цитаделата на Самуиловата тврдина во Охрид. Раководител на ископувањата е Анатоли Арнаудоски, виш кустос во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Охрид.
– По расчистувањето на шутот од постарите ископувања од јужната половина на цитаделата, почнавме со доистражување на остатоците од објектот од 19. век. Веројатно се дел од раскошните сараи/дворци на тогашниот управител на Охрид, Џеладин Бег – велат од охридскиот Завод и музеј.

Сподели