Актерот Лазе Манасковски замина во легендите

На 66 години денеска почина актерот Лазе Манасковски, долгогодишен член на ансамблот на Драмскиот театар од Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје, каде работеше сѐ до неговото пензионирањето во 2022 година.
Многу играни и ТВ-филмови се впишани во неговата биографија.

Во текот на својата кариера, Манасковски оствари бројни улоги и даде значаен придонес во развојот на македонскиот театар. Колегите го паметат како посветен професионалец, коректен соработник и човек со силно чувство за одговорност кон сцената и професијата.

Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ ќе се одигра во негова чест, велат од Драмскиот театар.

Фото: Википедија

Сподели