„Кадифено“ ќе биде концерт со искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на врвни уметници

Единствената Зарина Првасевда ќе одржи концерт вечерва во 19.30 часот во Македонската филхармонија. Со неа ќе настапат Андреа Мирческа, басистка и Тони Арслан, извонреден виолинист и солист во меѓународни оркестри. Прв пат на сцена во Скопје, заедно со Зарини ќе настапат и Џенк Ердоган, еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата и артист со светска кариера, како и мултиинструменталистот и перкусионист Ахмет Алан.

„Кадифено“ претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност, истакна Зарина, на вчерашната прес-конференција.

– Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преомислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаден низ слобода, импровизација и современ звучен звук. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор, како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност. За време на концертот, заедно со публиката, ќе ги истражуваме значењата и пораките на текстовите, културниот симболизам вграден во народните традиции и заедничкиот дух преточен во традиционалните танци. Луѓето ми се најголема инспирација, нешто што ми дава животна сила. Љубовта која си ја разменуваме, искуствата кои ги споделуваат со мене, се навистина бесценети. Посакувам да се обединиме на основа на емоција и верувам дека највозвишена форма на аплауз за секој уметник е реакцијата на публиката, нагласи Зарина Првасевда.

Музиката е универзален јазик и треба да биде мост помеѓу различни култури, нации и што ги руши сите бариери и граници, додава таа.

Тони Арслан истакна дека Турција дека нивната народна музика ја стават во висок пиедестал таа народна елегантна турска музика ја викаат турска класика. Нагласи дека и македонската народна музика би требало таа елегантна музика што се изведува на сцена да добие таков третман како во Турција.

Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.

Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Какодипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име.Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.

Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.

„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна имеѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.

Сподели