Актерите од „Народен пратеник“ на МНТ добија Специјална Стериина награда за колективна игра

Специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра на 70. Стериино позорје ја доби ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.

Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал, се вели во образложението.

Членови на жирито беа: Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател.

Сподели