Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ќе биде прикажан вечерва во 19 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата ја организира А1 Македонија, по повод претстојниот празник 8 Март, а е наменета за соработничките на А1.
– Горди сме што можеме да ја поддржиме и споделиме магијата на „Мајка“, филмот кој ја освои публиката ширум светот. Да се види светска ѕвезда како Номи Рапас рамо до рамо со нашиот Никола Ристановски, во режија на Теона Стругар Митевска, е привилегија за секој љубител на филмот. Чест ни е што ова парче уметност ќе го донесеме ексклузивно пред нашите соработнички и партнерки, како увертира во месецот на жената. Продолжуваме да поддржуваме приказни што вреди да се раскажат – велат од А1.
Филмот претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20. век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и мисија. Сценариото е заеднички труд на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ.





