Почина филологот, научник и професор Атанас Вангелов. Беше поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Имаше 75 години. Пред десетина дена ја доби државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието.
Роден е во Богданци на 6 февруари 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Беше доктор по филолошки науки и професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“ и на Друштвото на писателите на Македонија од 1967 година.
КОГА КРЛЕЖА МУ РЕЧЕ НА КОНЕСКИ: „ГДЕ СИ, ГРОБАРУ МОЈ?“
Автор е на книгите: Земјата на цветот (поезија, 1966), Препев на планината (поезија, 1970), Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971), Живеалиште (поезија, 1974), Глетки и пивиденија (поезија, 1977), Песме / Песни (1978), Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978), Преданија (поезија, 1978), Литературни студии (1983), Строго доверливо (поезија, 1985), Решето (критики, 1985), Неодредени лични заменки (драма, 1986), Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987), Траги (поезија, 1991), Преписите на Божин Павловски (студија, 1992), Микрочитања (критики, 1993), На безгласје глас (поема, 1994), Гласови и траги (поезија избор, 1995), Исказот и стварноста (критики), Водопад (поезија, 1998), Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998), Проетцонтра македонизми (критики, 1998).
Добитник на наградите: Млад борец, Браќа Миладиновци, Божидар Настев, Димитар Митрев, Златно перо, Григор Прличев, 11 Октомври.





