По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа „Сакам книги“ организира отворен
женски книжевен настан што ги повикува читателите да зборуваат за женските ликови од книгите и жените кои стојат зад книгите, коишто им оставиле трага. Настанот ќе се одржи задутре (сабота во 12 часот), на платото пред книжарницата „Сакам книги“ во „Лептокарија“.
Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, разговорот ќе отвори прашања за женските
карактери што инспирираат, за авторките што создаваат светови и за уредничките и преведувачките што ги носат тие светови до читателите. Разговорот ќе го води Александра Тодоровиќ, заедно со авторката Ксенија Николова, во формат на интерактивна дискусија во која и публиката ќе има можност активно да се вклучи и да ги сподели своите книжевни инспирации.
Настанот е замислен како опуштена, но суштинска книжевна дружба – простор за отворен дијалог, размена на искуства и славење на женскиот глас во литературата. За сите присутни ќе биде обезбеден дополнителен попуст на книгите, кој ќе важи исклучиво за време на настанот.
Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот ЛИНК.





