Шпанскиот „Јас сум Невенка“ во Кинотека

Шпанскиот филм „Јас сум Невенка“ во режија на Исијар Бољаин, победник на фестивалот Сан Себастијан во 2024 година, ќе биде прикажан на 7 март (сабота) во 20 часот во Кинотеката. Настанот е во организација на Амбасада на Кралството Шпанија во земајва и Кинотеката.

Филмот е инспириран од вистинска приказна чие дејство се одвива на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското собрание на Понферада, е сексуално вознемирувана од градоначалникот – моќен човек навикнат да ја наметнува својата волја и на политички и на личен план. Кога младата жена поднесува тужба против својот претпоставен, иако свесна за цената што ќе ја плати, се соочува со жестока осуда од средината која го поткопува нејзиното достоинство.

Нејзината истрајност подоцна ќе стане пример за многу жени во нивната борба против злоупотребите на работното место во Шпанија.

Сподели