Обука за развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини во Охрид

Обука за развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини завршува денеска во Охрид. Стручната обука ја организираше Земјоделскиот институт од Скопје со експерти од областа на агро-екотуризмот, финансиското планирање, одржливото земјоделство, маркетингот и руралниот развој.

Проектот „Заживување на традицијата и зачувување на природата“ е финансиран од словенечката амбасада во земјава и Фондот за развој на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.

Сподели