Рамковен договор за соработка склучија Археолошкиот музеј од Скопје, Управата за заштита на културното наследство и на Република Македонија и Израелскиот завод за антиквитети. Договорот го потпишаа Магдалена Манаскова, директорка на Археолошкиот музеј, Весела Честоева, директорка на УЗКН и Ели Ескозидо, директор на Израелскиот завод за антиквитети.
На потпишувањето присуствуваа и министерот за културно наследство на Израел, македонскиот амбасадор во Израел, Шпенд Садики и израелската амбасадорка во Македонија, Вивиен Аисен.
– Овој договор претставува повеќе од институционален чин. Тој е стратешко партнерство засновано на доверба, знаење и заедничка посветеност кон заштита, истражување и презентација на археолошкото наследство – велат од Археолошкиот музеј.
Со договорот се предвидуваа заеднички истражувачки проекти, размена на експертиза, организирање научни средби и конференции, соработка во областа на конзервацијата. Според Манаскова, договорот отвора нови можности за научна интеграција и заеднички меѓународни иницијативи, особено во делот на археолошките истражувања, конзервација и реставрација.





