Промоција на „(С)обувки“ од Оливера Ќорвезироска и Наталија Лукомска

„(С)обувки“ е насловена првата нема сликовница во Македонија, по идеја на Оливера Ќорвезироска со илустрации на Наталија Лукомска која вечерва во 20 часот ќе биде промовирана во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје. На промоцијата ќе зборуваат авторките, Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Ермис Лафазановски.

Делото е издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува приказната исклучиво преку илустрации, оставајќи му слобода на читателот самиот да ја досоздаде.

– Оваа визуелна приказна нè води низ волшебна редица од обични луѓе и ликови од бајки и познати книжевни дела, кои боси чекорат кон најдобриот чевлар на светот. Таму секој ги пронаоѓа своите совршени обувки, освен девојчето од соседството за кое остануваат чевли со високи потпетици. Но, на девојчето тие многу му се допаѓаат, ги обува и среќно излегува од приказната – велат издавачите.

Сподели