Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје утре во 11 часот свечено ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Пред присутните ќе се обрати директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема за значењето на мајчиниот јазик ќе има проф. д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот. На свеченоста ќе настапи актерот Никола Ристановски, а поезија ќе читаат ученици од основните и од средните училишта.

Сподели