„Бакнеж во Париз“ – шармантно музичко љубовно патување со виртуозните солисти и Филхармонијата (Фото)

Оркестарот на Македонската филхармонија предводен од  шармантниот и духовит диригент од В. Британија, Тим Редмонд и гостите од Франција, Фелисиен Брут, на хармоника и Аксел Сен Сирел, мецосопран, не понесоа на крилјата на љубовта и вкусот на виното. „Бакнеж во Париз“ беше насловен концертот што го проследивме синоќа во Филхармонијата, со прекрасна програмам мешавина на дела од Бизе, Тирсен, Пјацола, Жиро, како и аранжмани на Џијан Емин. Гостите – врвни!

Прекрасната Аксел Сен Сирел ја остави публиката без зборови, нејзиниот милозвучен глас и партитури што особено и прилегаат, но и стајлингот – црвен фустан што преубаво го носеше, беа полн погодок. Виртуозен беше и Фелисиен Брут, кој со посебна жар ја долови романтичната програма. Интересно е дека на сред концерт, му се расипа хармониката, ама проблемот беше надминат за 10-ина мин. Дури и диригентот се пошегува: „Ете, и срцето на хармониката знае да се скрши“.

„Бакнеж во Париз“ беше уште еден бисер концерт на Македонската филхармонија.

Фото: Татјана Ранташа

Сподели