Предавање на д-р Светлана Смолиќ-Макуљевиќ на Институтот за етнологија и антропологија

На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје (Долна зграда) денеска во 12 часот предавање ќе одржи проф. д-р Светлана Смолиќ-Макуљевиќ од Универзитетот „Метрополитен“ во Белград. Таа ќе зборува на тема: „Од меморија до медиуми: толкување на минатото во современата визуелна култура“.

Предавањето се одржува во рамките на билатералната соработка Еразмус+ и е од отворен тип.

Сподели