„Браќа Манаки“ по 47. пат од 19 до 25 септември во Битола

Од 19 до 25 септември годинава ќе се одржи 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија. Од своето основање во 1979 година, фестивалот ги слави пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.

И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ. Низ годините, многу кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на Манаки се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија.

Сподели