„Татко, мајка, сестра, брат“ на Џармуш од вечерва во Кинотека

Новиот филм на култниот независен автор Џим Џармуш „Татко, мајка, сестра, брат“ пристигнува на репертоарот на Кинотека од вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија.  Неговата минималистичка естетика, тивките паузи и егзистенцијалниот хумор повторно нè потсетуваат дека филмот може да биде простор за созерцание, а не само за наративна ефикасност. Џармуш останува еден од ретките автори што доследно ја брани слободата на независниот филм.

Станува збор за хумористична драма на еден од најзначајните американски независни филмски режисери, Џим Џармуш, кој се враќа со стил во форма на совршено конструиран филмски триптих. Филмот раскажува три различни, но тематски поврзани приказни за сложените односи меѓу возрасните деца и нивните емотивно оддалечени родители.

Филмот може да се гледа во наредните денови до 14 февруари, секоја вечер од 20 часот, само во петок (13 февруари) од 18 часот.

Сподели