Монодрамата „Џеки“ во режија на Жива Бизовичар, ќе биде премиерно изведена на 13 февруари во 20 часот на малата сцена на Драмски театар. Игра актерката Трајанка Илиева-Велиќ во улогата на Џеки Оназис, сопругата на 35. претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.
Монодрамата е произлезена од претставата „Драми на принцезите“ на Елфриде Јелинек, во која Трајанка Илиева-Велиќ ја игра Џеки Оназис. Ракот ја глода, а таа, претворена во статуа, на публиката ѝ ја раскажува својата „вистинска“ приказна – како била принудена да стане совршена жен(ск)а, префинета слика, темнина во која не може да проникне ниту светлината на Мерилин Монро, која ја прогонува.

Преводот од германски јазик го направи Катерина Шекутковска. Прв драматург е Ник Жнидаршиќ, а втор драматург и редакција на превод направи Викторија Рангелова-Петровска. Сценограф и автор на музиката е Јан Крмељ. Костимограф е Александар Ношпал.





