Кафе-книжарницата „Илика“ денеска го прославува вториот роденден. Одбележувањето ќе трае во текот на целото работно време денеска. Секој посетител ќе може да се напие топол пијалак по свој избор и да ужива во најновата селекција на книги.
„Илика“ веќе ги најавува активностите во февруари.
– Нашето мото овој месец е „Одврзани соништа“. Да ја пуштиме имагинацијата, да не ги ограничуваме нашите соништа и да не ги следиме класичните планови што ги правиме секој јануари – велат тие.
Ова се дел од насловите што ќе ги најдете во книжарницата:
„Мршојадци од стариот свет“ – Теа Тулиќ
„Кармила“ – Џозеф Шеридан Ле Фанју
„Сонувалко“ – Сања М. Костадиновска
„ВИЈ и придружбата: антологија на рускиот фантастичен расказ“
„Девојчински спомени“ – Ани Ерно
„Книга за соништата“ – Хорхе Луис Борхес
„Координати на болката“ – Александра Спасеска
„Митизација на реалноста“ – Бруно Шулц





