Гран при за копродукцискиот „Срам и пари“ на „Санденс“

Копродукцискиот долгометражен филм „Срам и пари“ (Shame and Money) на режисерот Висар Морина, освои Гран-при од жирито во категоријата Светски филм – Драма на престижниот фестивал „Санденс“ во Парк Сити и Солт Лејк Сити (САД). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, а од Македонија како копродуцент е List Production. Светската премиера на филмот се одржа на 25 јануари.

Филмот е копродукција на компании од Германија, Косово, Словенија, Македонија и Албанија.

Проектот е поддржан од Комесаријатот за култура и медиуми на Германија, Косовскиот кинематографски центар, Eurimages – Совет на Европа, Германскиот федерален филмски фонд, Film- und Medienstiftung NRW, Словенечкиот филмски центар, Националниот центар за кинематографија на Албанија, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и преку белгискиот Tax Shelter програм.

Сподели