„Староста може, а и не мора да се дочека“ е наслов на една твоја книга. Сеедно, ти требаше да ја дочекаш и имаше зошто. Збогум, Тихомир Јанчовски, слава ти! – напиша поетот и негов пријател, Јовица Ивановски.
Во 59-тата година од животот, денеска почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач. Јанчовски е роден на 24 август 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно-европскиот универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ, 2010. Се занимаваше со поезија, превод, медиевистика. Објави над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја.
Има правено и претстави. Во 2024 со Бранислав Николов го создадоа поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.
„Староста може, а и не мора да се дочека“ е наслов на една твоја книга. Сеедно, ти требаше да ја дочекаш и имаше зошто.
Збогум Тихомир Јанчовски, слава ти! – напиша поетот Јовица Ивановски.
Ги објави следните книги:
Обични зборови, Табернакул, 1999;
Два, Кинематика, 2002;
Последно време, Блесок, 2005;
Осама, Или-или, 2010;
О, ти, Темплум, 2011;
Староста може, а и не мора да се дочека, Матица, 2013;
Од збор до збор, (избор), Антолог, 2016;
Игла и конец, Матица, Скопје, 2016;
Godine, Buybook, Sarajevo, 2017;
The noise of Loneliness, Inner Child Press, New Jersey, 2018;
Влакно на јазикот, Матица македонска,2018;
Лидија или сѐ што знам за жените, во сопствено издание од 2018 е негов прв поетски роман.
Како ми скроија капа, колумни, Матица, Скопје, 2018
Тихување, сопствено издание, 2019
Лидија, или сѐ што знам за жените (аудиокнига), 2019
Сѐ што знам за животот, роман-дневник, сопствено издание, Скопје, 2020
Пред некое време, Стрип Квадрат, Скопје, 2021
Несреден век, Стрип Квадрат, Скопје, 2021
Приказни за деца и животни, Сивејан, Скопје, 2022
Патина, роман-дневник, Стрип Квадрат, Скопје, 2022
Ден-година, сопствено издание, Скопје, 2023
Малата Мечка и Големата Мечка, Сивејан, Скопје, 2024
Граматика на љубовта, самиздат, 2024
Пристоен предлог и други песни, Сивејан, Скопје, 2024
Пеколот е мало место, Макавеј, Скопје, 2025
Игла и конац, Бернар, Београд, 2025
Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „Рурбано“. Има издадено и книга колумни „ Како ми скроија капа и други записи“ (декември 2018). Од 2021 објавува колумни во месечникот „Економија и Бизнис“.





