Јубилејно, по 25. пат, Македонскиот институт за медиуми (MИM) го објави Конкурсот за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов 2025“. Повикот е отворен до 17 февруари, а за наградите може да се пријават сите новинари кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив. Приказните треба да бидат објавени во текот на 2025 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во Македонија.
Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. На конкурсот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија.
Повеќе информации на линкот.





