„Чекори што не згаснуваат“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе биде изведен на 27 февруари (19.30 часот) во Македонскиот народен театар чест на Симеон Чулев.
– Велат дека игроорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено „Аирлија!“ зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише – велат неговите колеги.
Вечерта е посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев, како емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе.





