ТРИ објави повик за млади автори

Издавачкиот центар ТРИ објави повик за млади автори, кои со своите оригинални ракописи ќе донесат свежина во книжевниот свет.

– Ако имаш од 18 до 35 години, ако обожаваш да се нурнуваш во романси, драми или крими-романи, а веќе имаш напишано нешто и го криеш во фиока, прати ни го на redakcija@kniga.mk – велат од ТРИ.

Повикот е отворен до 6 февруари. Тие што ќе пратат апликација ќе добијат повратен одговор до крајот на месецот.

Сподели