Четири претстави од независната сцена гостуваат во Драмски

Деновите на независната сцена во Драмски ќе се одвиваат од 14 до 17 јануари. Тие се наменети за театарска публика што сака да излезе од својата зона на комфор, велат организаторите. Овие претстави зборуваат за љубов што се промашува, за смеа што се лизга во хаос, за тишина што притиска и за системи што произведуваат страв. Телата се блиску, зборовите се остри, сцената е интимна, а темите се сѐ освен наивни. Од кореодрама до монодрама, од интерактивен театар до современа општествена драма – независната сцена доаѓа во Драмски за да отвори прашања што не завршуваат со аплаузот.

Деновите на независната сцена ќе започнат со претставата „ СамоТи(И)Ја“ на „Театроск“ од Скопје на 14 јануари. Еден ден подоцна ќе следува Delirium tremens на Театарска работилница од Прилеп. „Кротка“ е насловот на претставата што во продукција на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци, ќе гостува на 16 јануари. Деновите на независната сцена ќе завршат на 17 јануари со „Сина сенка“ на Театар „Златен Елец“ на 17 јануари.

Повеќе за претставите, прочитајте на следниот ЛИНК.

Сподели