Друштвото на писателите на Македонија почна да објавува кратки извадоци од книгите пријавени на тековниот конкурс за традиционалните годишни награди писателската асоцијација. Секој ден до 7 февруари двапати во денот, во 9 и во 17 часот на профилите на ДПМ на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ ќе биде објавен извадок од едно дело.
Вкупно 53 дела пристигнале на конкурсот за петте награди на ДПМ: „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка, „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика и „Мост“, за најдобра книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија. За секоја категорија ќе одлучува поединечна анонимна тричлена комисија.
Прво ќе бидат објавени полуфиналисти, а потоа и делата што ќе влезат во финалниот избор. Победниците ќе бидат соопштени на 10 февруари, а врачувањето на признанијата традиционално ќе се одржи на 13 февруари кога ДПМ ќе одбележи 79 години од основањето.
Повеќе информации на линкот.





