Актерката Маја Љутков ја освои наградата за најдобра актерка во краток игран филм и во филм од жанрот научна фантастика на фестивалот New York Film & Actress Awards, што се организира онлајн. Љутков ја доби наградата за улогата на наставничката во филмот „Не заборавај да се насмееш“ во режија на Давид Дулев.
Во филмот Љутков игра покрај Александар Микиќ, Софија Јанчовска, Рхаим Ибраими, Сирма Љутков. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски. Продуцент на филмот е Блаже Дулев, а автор на сценариото – Онур Озџан, а продукцијата е од 2025 година.
Овој фестивал е дел од филмската мрежа на Imdb и филмаџии од цел свет имаат можност да гласаат во повеќе категории.
Best Film Awards e oрганизација што организира онлајн гласање на филмаџии од цел свет. Повеќе за наградите, на следниот ЛИНК.





