Македонски актери и Игор Ангелов и Ања Митиќ настапија во „Ателје 212“ во Белград, како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат” и култниот белградски театар. Тие настапија во рамките на „Брод плови за Београд“, култна предновогодишна манифестација на „Ателје 212“. Настанот е авторска идеја на доајенката Горица Поповиќ, а се реализира под уметничко водство на Светозар Цветковиќ.
Настапот на нашите актери беше дочекан со овации од белградската публика. Во друштво на најпознатите белградски актерски имиња, тие ја освоија белградската публика, но и колегите со кои ја делеа сцената. Белградското гостување е вовед во продлабочување на соработката, веќе на следното издание на „Глумците пеат“ во март.





