Производите на „Модерно Скопје“ до утре се изложени на штанд на Божиќниот базар во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Целата колекција е на попуст пред новогодишните празници. „Модерно Скопје“ е бренд за сувенири и подароци со современ дизајн, создаден за да ја раскаже и доближи модерната историја на Скопје и неговите обележја почнуваат тесна соработка чија цел е да промовираме потврдени културни вредности.
Колекцијата на „Модерно Скопје“ е посветена на култни објекти создадени од македонски и странски архитекти кои учествувале во обновата на Скопје по земјотресот, поставувајќи го темелот на неговото модерно градителско наследство. Промовирањето на нивните дела е начин не само да се валоризира културното наследство на Скопје, туку и да се поттикне љубопитност за тоа како денес можеме да создадеме ново наследство кое ќе трае.





