„Бракот на поетот“ од Шинаси на македонски јазик

Од печат на македонски јазик излезе „Бракот на поетот“ од Шинаси – првата турска драма со карактеристики на реалистичниот „западен театар“. Книгата ја издаде „Матица македонска, а авторка на преводот од турски на македонски јазик е на Мелахат Алиевска. Ова дело се смета за пионерско остварување на турската драмска книжевност. „Бракот на поетот“ е книжевниот текст што во турската култура го означува преминот од импровизацискиот театар во којшто актерите импровизирале без конкретен текст, кон нов вид театар каде што постои драмски текст со соодветна структура. Со ова, за првпат, олку клучно дело за историјата на турската драма е достапно во превод пред македонската читателска публика.

Комедијата – едночинка на Шинаси за првпат била објавена во вид на фељтон во весникот „Tercüman-i ahval“ во 1860 година, а потоа, по смртта на авторот била објавена како книга и тоа во Солун.

– Станува збор за дело што има карактеристики на комедија на традицијата, обичаите, манирите или поточно, на моралното однесување и правилата што поединците мора да ги следат во општеството. Ги објаснува лошите страни на договорениот брак. Делото, кое во суштина се занимава со недостатоците на договорените бракови, со себе ги носи трагите на традиционалниот турски театар. Напишано е во едноставен и природен разговорен стил. Ликовите се реалистични, што ја одразува општествената структура на периодот. Дијалогот вклучува игра на зборови, вербален хумор и намерни говорни грешки. Во делото, исклучително забележливо е влијанието и трагите на класичниот француски театар, а особено на Молиер. Но, не станува збор за драмски текст што има само историско значење, туку за дело што до денес е исклучително интересно за читателската публика, како и за публиката во театрите – велат издавачите.

Сподели