Патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи денеска во 13.30 часот во Амфитеатар 3 на Факултетот. Свеченоста ќе почне со доделување плакети на пензионираните вработени од Факултетот. Следува свечено доделување на наградите од конкурсот за студентски есеј „Блаже Конески“ и промоција на нови изданија на Факултетот.
Ќе бидат промовирани: „Современа филологија“ Том 8 Бр. 1 (2025), монографијата „Книжевни преведувачи од Филолошкиот факултет, Зборник во чест на деведесетгодишнината од раѓањето на проф. д-р Волфганг Моч, Француско-македонски јазични паралели, Монографија Турската кинематографија – Историја, развој и влијание, Циклусот за светулките на Матеја Матевски. Ќе се одржи и повеќејазично поетско читање на студентите учесници на преведувачката работилница.





