Во новиот простор на „Лабораториум“ (поранешен „Јукан“ во Скопје) вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на „Приказни од Втора кула“ од Валентина Новачева, мозаична проза што ја третира архитектурата како жив организам и секојдневието како нежна, но упорна архива на човечките навики, гласови и тишини. Делото е издание на „Гаврош“.
Во овој роман во раскази, Кулата се јавува како сведок, хроничар и тивок соговорник на градот, градејќи прецизен, разгранет портрет на урбаната интимност. Книгата е дел од едицијата КРОКИ, посветена на новите раскажувачки гласови од локалната сцена, и отвора простор за едно поинакво, подлабоко читање на нашето секојдневие и на колективната меморија на градот.





