Инклузивна новогодишна забава на 26 декември во „Скопје сити мол“

Здружението „Икуалити“ ќе ја организира третата инклузивна новогодишна забава што ќе се одржи на 26 декември во „Скопје сити мол“. Ќе биде подготвена музичка и забавна програма, активности за деца, креативни работилници, како и можности за дружење за сите присутни, преку што ќе се поттикне позитивна енергија и инклузија, како водечки вредности на овој настан.

Преку вклучување на соработници во креативни театарски перформанси, забавна музичка програма, но и во рамки на едукативни и интерактивни активности насочени кон подигнување на свеста за инклузијата и заедништвото, Здружението „Икуалити“ настојува да ја продолжи сорааботката со општествено одговорни организации и поединци. На тој начин сите вклучени страни заеднички создаваат посилна заедница и поттикнуваат меѓусебно разбирање.

– Преку оваа иницијатива, продолжуваме и понатаму да ги јакнеме нашите заложби за подобрување на заедништвото, еднаквоста и прифаќањето во нашето општество – тоа се нашите основни вредности.“ – изјави Ружица Стојановска,
проектен координатор во здружението.

Сподели