„Алкалоид“ низ 85 години – ретроспективна изложба во Музејот на Град Скопје

Дали некогаш сте се запрашале како изгледале машините за производство на лекови пред повеќе од 80 години? Одговорот на ова прашање, компанијата „Алкалоид“ го нуди преку ретроспективна изложба по повод 85-годишниот јубилеј, а е отворена во Музејот на Град Скопје.

Како дел од ретроспективната изложба што ќе биде отворена до 12 октомври, изложени се некои од првите рекламни материјали за овие производи („Кафетин“ и „Кодафен“), што зборува за улогата на овие производи во развојот на „Алкалоид“ во бренд каков што е денес.

Еден од најпрепознатливи и најраспространети брендови, „Кафетин“, своите корени ги влече уште од 1957 година, кога во употреба е пуштен нов капацитет за производство на лекови – Галенскиот погон.

Во овој погон, на база на алкалоидни суровини, започнува производството на готови лекови, меѓу кои: Кодеин, Кафетин, Кодафен и Носкапин (таблети и сирупи).

Плакатот за ретроспективната изложба го изработи Михаил Корубин.

Сподели